Пред 2006 година источниот дел беше заборавен во делот на патната инфраструктура. Патишта лошо беа оддржувани и поради тоа најголем дел од нив се во таква состојба какви што се. Затоа Ние започнавме еден инвестициски циклус во овој регион за тоа да го исправиме, истакна министерот за транспорт и врски, Владо Мисајлопвски.
„Во прво време фокусот ни беше ставен на изградба и реконструкција на локалните патишта бидејќи ценевме дека тие беа најнеопходни за нормална комуникација меѓу граѓаните. Почнавме да градиме таму каде беше најпотребно. Еве конкретно за Источниот регион изградивме или реконструиравме преку 70 локални патишта. Исто така реконструиравме дванаесет регионални правци со вкупна инвестиција од 22 милиони евра. Тоа е сериозна инвестиција ако се има во предвид дека во минатото тука не се инвестирало. Во меѓувреме започнавме со проект за зајакнување на регионалната патна мрежа во овој регион и веќе знаете, го градиме автопатот од Скопје до Штип, потоа експресниот пат Велес –Штип, регионалниот пат од Делчево до Голак, оваа година ќе започнеме со изградба на експресните патишта Штип-Кочани, Штип –Радовиш, од Кочани до Делчево и уште неколку што покажува какви сериозни намери имаме во раздвижување на овој регион. Со еден збор планираме инвестиции од над 430 милиони евра само во Истокот,“ рече Мисајловски.
Изградбата на автопатот Миладиновци-Штип тече согласно планираната динамика. Заврши и тендерот за изградба на експресниот пат Штип-Кочани во прва фаза.
До сега се пробиени 93 % од трасата, интензивно се работи на градежните работи, тоа слободно може да се забележи и на терен. Вкупниот прогрес на работите изнесува 36 %. Јас сум задоволен од динамиката и се надевам ако продолжи со вакво темпо ќе го завршиме во предвидениот рок а тоа е некаде средината на 2017 година. Само да напоменам дека се работи за нов автопат во должина од 46 километри и вкупна инвестиција до 206 милиони евра. Тендерот за изградба на овој експресен пат заврши. Во тек е евалуации на стигнатите понуди. До крајниот рок пристигнаа 21 понуда. За отприлика 2-3 месеци очекуваме да се склучи договор и да започне да се гради овој правец.Проектот ќе се реализира во две фази. 1 фаза е делницата од Штип – Крупиште во должина од 14 км и 2 фаза Крупиште – Кочани со должина од 12 км. Вкупната инвестиција за изградба на овој пат изнесува околу 53 милиони евра.
Во однос на регионалниот пат Кочани – Делчево веќе е склучен договор за фирма изведувач и се очекува овој или следниот месец да започне со негова реконструкција. Инвестицијата е вредна 6 милиони евра.
Голак станува главен туристички центар на истокот има најава за изградба на патотДелчево –Голак.
„Заради атрактивноста и повторно заживување на ова туристичко место решивме да го реконструираме овој правец. Реконструкцијата е веќе започната пред еден месец. Се работи за должина од 11 километри и инвестиција од 1,33 милиони евра. Очекуваме патот да биде завршен кон крајот на оваа или почетокот на следната година,“ вели Мисајловски.
Спомнав и претходно дека првично фокусот ни беше изградба и реконтрукција на локалните патишта. Во иста насока ќе продолжиме и во наредниот период. Моментално ја подготвуваме новата четиригодишна програма и во нејзе посебно место им даваме повторно на локалните патишта бидејќи сметаме дека тие се најосновната потреба на жителите во руралните подрачја преку поврзување со градовите. Затоа тој проект ќе продолжиме да го работиме во сите општини низ државата, рече Мисајловски.