Отслужена свечена Вечерна богослужба во катедралниот храм „Св.Софија“

Според одамна востановената традиција во Охрид, на први мај, во вечерните часови на светата и Велика Недела на Пасха, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, свештениците Димче Азески, Горан Ставрески, Ѓорѓи Блажевски, Владо Недески, Љупчо Бакрачески и Роберт Илијевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

На Вечерната богослужба беше прочитано и дел од Евангелието според Јован на повеќе јазици (црковнословенски, грчки, латински, француски, англиски, италијански, руски и македонски јазик).

По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа. Митрополитот Тимотеј им подели и на сите верни по едно велигденско црвено јајце и им го честита најголемиот празник, со најторжествениот поздрав: Христос воскресе!