Денес, на вториот ден од Воскресението Христово, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски.
По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните чеда со пригодно слово, во кое се задржа на Воскресението Христово, како централен настан во животот на Црквата и на секој човек, и се помоли на Воскреснатиот Христос, тој да се всели во нашите срца и да воскресне и во нас, та и ние да се удостоиме за Неговото славно и спасоносно Воскресение.