По повод одбележувањето на 113 годишнината од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев, партиска делегација на СДСМ, во состав: Максим Димитриевски, член на Извршниот одбор на СДСМ, Татјана Прентовиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ, Цветанка Ласкова, претседателка на Форумот на жени на СДСМ, оддаде признание и почит на великанот на македонската борба за слобода, самостојност и државност.