Завршна презентација на проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“

Претставници на СВР Охрид предводени од началникот Сашо Смилески, присуствуваа на завршната презентација на проектот „За мојата безбедност се грижиме јас и мојот пријател полицаец“, што претпладнево се одржа во детската градинка „Росица“.

Во присуство на бројни родители и гости, најмладите со свечена приредба, на полициските службеници при СВР Охрид им го честитаа претстојниот празник 7 мај денот на безбедноста и ден на македонската полиција.

Денешната прекрасна приредба е најдобрата и најубава честитка што СВР Охрид ја добива по повод претстојниот ден на безбедноста.

СВР Охрид и понатаму ќе продолжи со реализација на низа превентивни и едукативни проекти наменети за најмладата популација со цел зголемување на нивната безбедносна култура, стекнување вистински знаења од областа на безбедноста во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи.