Ден на реката Дрим 2016

Следејќи ја успешната организација на Денот на реката Дрим во 2014 и 2015 година, третото одбележување на Денот на реката Дрим се случи на 5.мај 2016 година, со цел сензибилиирање на поширок дел од јавноста за вредностите на Дримскиот басен и за влијанието на екосостемот врз квалитетот на секојдневното живеење на локалните заедници и економските активности. Тие почиваат на економски активности во кои се користат водите на Дрим како што се земјоделие, рибарство, индустрија , енергетско произвотство и туризам. Денот на Дрим има за цел и да ги мобилизира донесувачите на одлуки и корисниците, за активности кои ќе обезбедат ќе биде достапна за сите корисници со адекватен квалитет и квантитет.

Во Охрид на 5 Мај на самото извориште на реката Дрим во Св.Наум, во организација на ЕД Грашница се одржа акција за чистење на плажите во Националниот Парк Галичица. Преку 30 волонтери зедоа учество во чистење на плажата кај Свети Наум, а собраниот отпад беше одложен на определено место. Веднаш потоа беше организирана работна средба со надлежните за животната средина од општините, Националниот парк како и локалните жители и активисти од невладиниот сектор. Настанот го отвори Ѓоко Зороски, координатор на Денот на Дрим, а воведно обраќање имаше Националниот координатор на ГЕФ проектот, Дејан Пановски, по што следеа презентации на научните лица од Хидробиолошкиот Завод од Охрид околу квалитетот на водите и биодиверзитетот, а потоа присутните дискутираа за заштитата на Охридското Езеро и другите делови во Дримскиот басен. По дискусијата организирана беше бродска тура со локални водичи со набљудување на птиците и растенијата во крајбрежното езерце Острово, во Националниот Парк Галичица.

13129063_10207642068064261_1754970095_o

Овие активности беа дел од поширокото прославување на Денот на реката Дрим одржано во сите земји кои го споделуваат, а во соработка со партнерски НВО на неколку локации од Преспанско и Охридско езеро на југ, до Скадарското езеро и Улцињ блиску до вливот на Бојана во Јадранското море,на север: во Скадар од „ЕDEN“, на езерото Фиерза кај Кукс од „Mbrojta e Mjedisit“,во Преспа од „ Protection and preservation of natural Environment“ ,во националниот парк Галичица од „Грашница“ , во Битола „Биосфера“ , во Пеќ „Environmental responsible Action Group“, во Улцињ „Greenhome“ . Настрана од главните настани на 5.Мај , се одржаа и многу поврзани активности низ целата недела од 1-7 Мај.

Оваа година сите овие актинвости беа поддржани од ГЕФ Проектот „Овозможување на прекугранична соработка и интегрална управување на водените ресурси во целиот басен на Реката Дрим“ имплементиран од УНДП , изведено од Global Water Partnership-Mediterranean(GWP-Med) и Critical Ecosystem Partnership Find (CEPF) проектот Act4Drin спроведуван од Mediterranean Information Office for Environment, Culture and Sustainable Development (MIO-ECSDE).

13147897_10207642068784279_67628010_o

Активностите се спроведуваат под закрила на Координираната Акција за Дрим (CORDA), процес кој е етаблирана за имплементација на меморандумот за разбирање за управување со Дримскиот басен (DRIN MoU) потпишан во Тирана на 25.11.2011 година, за да ја засили прекуграничната соработка со цел заштита и одржлив развој во Дримскиот Басен. Со оглед дека постои поврзаност помеѓу Преспа, Охрид, Скадар и Бојана, затоа еколошките предизвици во регионот се од прекугранична природа. Затоа постои силна меѓусебна зависност помеѓу сите локални и рeгионални интересенти кои се инволвирани,што го прави круцијално меѓусекторското разбирање помеѓу актерите со различни интереси.

Дримскиот проект официјално е почнат во декември 2015 година во Тирана, Албанија. Во насока на содржината, целите и задачите од Меморандумот, проектот доаѓа во критичен период како двигател за финансиски да ги поддржи активностите во согласност со постоечките договори на национално и прекугранично ниво. Со буџет од 5,5 милиони долари за активности кои ќе се имплементираат во Албанија,Република Македонија, Црна гора и Косово,проектот веќе стана многу значајна активност во басенот на реката Дрим, со цел „промовирање заедничко управување на споделените водни ресурси во басенот на реката Дрим, вклучувајќи и координација на механизми помеѓу различните суб-басенски тела комисии и комитети“.

13199240_10207642068704277_1701796366_o