Доделени наградите од манифестацијата „Детски семафор“

Заменик градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стефан Димоски, денеска им ги врачија наградите на најдобрите во натпреварите што се одржаа во рамките на сообраќајно воспитната манифестација „ Детски семафор“ . Целта на манифестација, како што беше речено на денешната свеченост е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.

За освоено прво место во машка конкуренција на Петар Вељаноски од ОУ „Кочо Рацин“ му беше врачено признание и велосипед, за второ место на Горазд Томчов од ОУ „Григор Прличев“ и на Мартин Димитриески од ОУ „Кочо Рацин“ за освоено трето место им беа врачени признанија и велосипедски кациги.

Detski_semafor_2016_4853

Во женска конкуренција за освоено прво место на Марија Јолеска од ОУ „Кочо Рацин“ и беше врачено признание и велосипед, за второ место на Каролина Ѓореска ОУ „ Кочо Рацин“ и на Јана Петреска од ОУ „Григор Прличев“ за освоено трето место им беа врачени признанија и велосипедски кациги.

Општинскиот натпревар “Детски семафор 2016” се одржa на 04.05.2016 година во Основното училиште „Григор Прличев“. Натпреварот се реализира во два дела: теоретски дел кој опфаќа полагање сообраќајни тестови и практичен дел- вешто возење на велосипед.

Detski_semafor_2016_4851