На 4ти мај околу 19:30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, поточно во нас.Горица, од страна на полициски службеници од ПС-Кичево било запрено ПМВ „Волксваген Туарег“, управувано од М.Н.(33) од Скопје, а како сопатник бил затекнат Ф.А.(43) од с.Кондово-Скопје.
При извршен личен преглед на лицата и возилото, во возилото помеѓу двете седишта бил пронајден пиштол „ЦЗ“ М-70 калибар 7,65мм со рамка со осум куршуми калибар 7,65мм, кои го поседувале без одобрение.
Лицата се приведени и задржани во ПС-Кичево за понатамошна постапка.