ФФМ организира семинар за тренери во женски фудбал

Фудбалската федерација на Македонја во соработка со УЕФА како дел од програмата за развој на женскиот фудбал „Free-Kick On field development“, организира дводневен тренерски семинар за тренерите во сениорските тимови во Прва женска лига, тренерите во национални женски репрезентации, како и за пријавените женски тренери за следниот УЕФА „Б“ курс.

Семинарот ќе се одржи на 12 и 13 мај 2016 во „Куќа на фудбалот“ – ФФМ и на терените на центарот „Петар Милошевски“.

AnaSignul

УЕФА инструктор за овој семинар е Ана Сигнул од Шведска, долгогодишен играч во женски тимови во Шведската лига каде го држи рекордот со вкупно 240 настапи, потоа тренер на тимови во Шведска, како и репрезентации до 16 и 18 години. Во моментот ја извршува функцијата селектор на женската репрезентација на Шкотска и е на добар пат да се пласира на ЕУРО 2017.

Ана Сигнул ќе има теоретско – практични презентации на теми од фудбалот со акцент на случувања и предизвици во женскиот фудбал.

Семинарот започнува во 11:00 часот со презентација во прес – салата на ФФМ.