Со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8 мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

По тој повод Црвен крст Охрид се вклучува во глобалната кампања на Меѓународната Федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина која се одвива под мотото „Насекаде за секого“. Во тие рамки ќе бидат организирани следните активности:

– 08 мај 2016 (недела) 10:00 ч. Полагање на свежо цвеќе пред бистата на Анри Динан во Охрид (пред седиштето на Црвен крст Охрид).

– 09 мај 2016 (понеделник) 10:00 ч. Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предучилишните установи и учениците од основните училишта во Охрид, каде преку промотивни материјали и видео проекции ќе се запознаат со мисијата на движењето на Црвениот крст, со активностите на Црвен крст Охрид и како се станува волонтер на Црвен крст.

– 10 мај 2016 (вторник) 10:00 ч. Крводарителска акција – Факултет за туризам и угостителство – Охрид.

– мај 2016 Работилници за дисеминација-ширењето на знаењата за Црвениот крст со претставници на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа како и со претставници на медиумите и владините институции (Локалната самоуправа во Охрид и Дебрца, ТППЕ Охрид, СВР Охрид, ЦУК, ДЗС, Министерство за одбрана).