Кривична пријава за охриѓанец кај кого била пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.П.(34) од Охрид.

При претрес извршен во домот на сега пријавениот, во внатрешниот дел од бојлерот во тоалетот, пронајдени и одземени се две мали кеси со 26 хартиени паковки опојна дрога марихуана.

Претресот и пронаоѓањето на марихуаната се реализирани по добиени оперативни информации дека А.П. набавил опојна дрога и во неговиот дом ја препаковал во помали количини, наменети за понатамошна препродажба на наркозависници од Охрид. Еден дел од марихуаната, пријавениот А.П. ја користел за лична употреба.