Средношколците од „Св.Наум Охридски“ освоија голем број награди на државните натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните училишта

На 6ти мај во СОУ „Никола Карев“ во Струмица се одржаа 35-те државни натпревари на електротехничките, машинските и сообраќајните средни училишта во Република Македонија. Овие натпревари поминаа во беспрекорен натпреварувачки амбиент, но и амбиент кој овозможи добро дружење и стекнување нови пријателства.

Учениците од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид учествуваа на државните натпревари и ги освоија следните награди:

1. II место – Филип Милошески – електротехничар за компјутерска техника и автоматика (електротехничка струка),

2. II место – Кристијан Богданоски – техничар за патен сообраќај (сообраќајна струка),

3. III место – Јован Груевски – електротехничар енергетичар (електротехничка струка),

4. III место – Александар Колески – техничар за компјутерски управување (машинска струка),

5. Пофалници добија следните ученици: Никола Трајановски, Петар Николовски и Климент Ѓорѓиевски.

Учениците исто така се претставија со сопствени трудови.

– Марија Аврамоска – Велосипедски сообраќај – III место,

– Шиме Тадиќ – 3D игра – Mirror – Effect,

– Јован Груевски и Ремзи Иса – Замена на постоечките флуоресцентни светилки со нови еколошки лед светилки.