Во Дебрца одбележани 71 година од победата над фашизмот и Денот на Европа

Со пригодна свеченост денес во организација на СБ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од општините Охрид и Дебрца, придружени од Здруженијата на Ветерани и ТИТОИСТИ од Охрид како и од општина Дебрца и од ОО на СДСМ-Дебрца, денес на достоинствен начин оддадоа почит, со полагање свежо цвеќе на Споменикот на паднатите борци Кременатец во месноста Раштани с.Белчишта и на споменикот на паднатите борци пред општинската зграда во с.Белчишта и бистата на Трајче Дојчиноски. 

Ученици од ОУ Дебрца с.Белчишта приредија рецитал со борбена тематика во чест на паднатите борци од ова подрачје на споменикот Кременатец во с.Белчишта.

13174086_1232097873468961_6359364660628011805_n

На присутните се обрати со историски час во чест на овој ден професорот по историја во пензија Наце Иваноски,каде потсети на значењето за ослободувањето од тиранијата(фашистичкиот окупатор) во Дебрчкиот, Малесискиот и Копачкиот дел од Република Македонија.

Исто така и градоначалникот на општина Дебрца, Игор Трајкоски на борците и продолжувачите од НОАВМ им порача да не се заборави овој светол датум од историјата на македонскиот народ, бидејќи е многу значаен за општина Дебрца,а потсети и на воздржаност од актуелната политичка криза, која е актуелна во Република Македонија.

13151479_1232097806802301_9178167341845980931_n

Во чест на 9-ти мај ден над победата над фашизмот и Денот на Европа од страна на СБ од НОАВМ 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебрца беа посетени Спомен собата на НОБ во с.Белчишта(Општинска зграда) и Уметничката Ликовна колонија.

13103407_864293117047738_8762722386276336736_n

м-р Томчо Алексоски