На 41от Државниот натпревар по математика за учениците од основното образование кој се одржа на 07.05.2016 година во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“ – Скопје, охридските основци освоија бројни награди.
Ученичката Христина Митреска од VIII одделение од ОУ„Христо Узунов“ од Охрид под менторство на наставничката Виолета Китеска освои трета награда и се здоби со право за учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада.
Освоени места и право на учество на Јуниорската македонска математичка олимпијада имаа и учениците од ОУ„Григор Прличев“: Петар Мишов VII одд. трета награда под менторство на наставникот Aлександар Ангелевски, Ана Димоска VIII одд.трета награда под менторство на наставничката Лилјана Фанкоска, Ангела Трпческа IX одд. втора награда и Венеса Бакреска IX одд. трета награда под менторство на наставничката Марика Бубеска.
Ученичката Екатерина Бочвароска VII одд. од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска беше пофалена.