Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочна пријава за физички напад против С.С.(32) кој во неделата, 8 мај, за време на одржувањето на скопскиот маратон нападнал граѓанин кој држел транспарент „Трчај како да ја носиш веста дека Грујо е во затвор!“.
Извршен е разговор со С.С. во присуство на адвокат и против него е поднесена прекршочна пријава.