Имајќи го во предвид растечкиот пазар на производи, услуги и корисници во делот на авантуристички ( активен) туризам Швајцарската влада , општина Охрид заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и САД ја организираат првата Меѓународна конференција за авантуристички туризам што ќе се одржи во Охрид од денес до 12ти мај, на која е предвидено учество на над 300 тур оператори за овој вид туризам во светот.
Главна цел на ова конференција за туризам е да го прикаже Балканот како регион кој е подготвен за ренесанса во сферата на активниот туризам, но и да се подигне свеста за овој скриен, но целосно достапен дијамант на Европа.
Конференцијата вклучува низа активности преку кои ќе бидат прикажани прекрсните културни и природни богатства, прекрасните планини, езера, богатата флора и фауна и историската посебност на Охрид.
Утре според Програмата, Охрид ќе биде домаќин на учесниците на оваа Меѓународна конференција.
Се очекува ваквите активности да придонесат за пријатен престој на учесниците на настанот, а целокупните активности да го олеснат пристапот до меѓународните туристички пазари и да се оствари размена и синхронизирање на напорите за презентирање на авантуристички, активен, културен, конгресен и други видови алтернативен туризам.