Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, од 10-14 часот во Факултетот за туризам и угостителство ќе организира студентска крводарителска акција.
Се покануваат студентите на двата факултети во Охрид, да издвојат 5 минути за да даруваат крв и спасат човечки живот.
Крводарителската акција е поддржана од Лајонс клуб Лихнидос.