Започна првата регионална конференција за активен туризам во Европа, AdventureNEXT-Balkans

Речиси 300 претставници од повеќе од 30 светски дестинации – вклучувајќи и 12 дестинации од Југоисточна Европа денес се собраа во Охирд за АдвенчрНЕКСТ~Балкан (AdventureNEXT-Balkans) – прва конференција за активен туризам во Европа која е посветена на Балканскиот полуостров. На конференцијата гостите истражуваат нови можности за стимулирање на развојот на туризмот на краток и долг рок.

Организирана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Меѓународната асоцијација за активен туризам (Adventure Travel Trade Association – ATTA), конференцијата за активен туризам стави специјален фокус на дестинации во Југоисточна Европа: Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија и Турција. Целта на овој меѓународен собир е да поттикне прогресивна форма на туризам која има позитивно влијание врз локалната економија, а истовремено помага во заштитата и промоцијата на културното наследство и природните богатства пред патниците од целиот свет.

Освен овие 12 дестинации од Југоисточна Европа кои имаат претставници на конференцијата и од јавниот, и од приватниот сектор, на конференцијата присуствуваат клучни чинители од туристичкиот синџир на добавување: туроператори, водичи, сместувачки капацитети, транспортери, одбори за туризам, развојни агенции и министерства за економија, трговија и туризам.

Под мотото „Знаење. Партнерство. Раст.“, присутните ќе ја искористат конференцијата како платформа за градење на свест, истражување, соработка, бизнис развој, инсирација и долгорочно планирање. Агендата на АдвенчрНЕКСТ вклучува регионални експерти од Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија, заедно со меѓународни експерти кои инвестираат време и енергија во регионот. Од конференцијата се очекува да стимулира иновации и нови прекугранички дијалози кои ќе водат до поблиска соработка меѓу дестинациите на Балканот.

Пред деновите на конференцијата, 11-12 мај, повеќе од 50 меѓународни туроператори и патописни новинари од 17 земји ги истражуваа Македонија, Косово, Хрватска, Црна Гора и Албанија преку седум уникатни 3 до 5 дневни тури. На 10 мај, повеќе од 150 делегати ја започнаа конференцијата со учество на 20 активни тури во близина на Охрид, организирани од домашни туроператори. Турите вклучуваа културни активности и активности во природа, како пешачење во НП Галичица, експедиција за конзервација на флората и фауната на Охридското езеро, фотографски тури, вински тури и археолошко-историски тури во Охрид.

Покрај поддршката од Светската туристичка организација (UNWTO) која е присутна на конференцијата, Регионалниот совет за соработка (Regional Cooperation Council – RCC ) исто така ја препознава важноста на настанот и ќе одржи состанок на Групата на експерти за туризам (кој се одржува еднаш на две години) за време на АдвенчрНЕКСТ. УСАИД и Владата на Швајцарија се исто така клучни развојни партнери на настанот и работат на стимулирање на локалниот економски развој, особено кај малите бизниси, преку развивање на активниот туризам.

Партнерите на АдвенчрНЕКСТ~Балкан се: Македонија, Туркиш Ерлајнс(Turkish Airlines), Косово и Општина Охрид. Партнерите кои на конференцијата ќе ги промовираат нивните дестинации се: Националниот одбор за туризам на Хрватска, Метеора (Visit Meteora DMC- Грција), Бугарија (претставена од Odysseia-In ), Општина Прилеп и Косово.

За Меѓународната асоцијација за активен туризам (ATTA)

Основана во 1990, Меѓународната асоцијација за активен туризам (Adventure Travel Trade Association – ATTA) obslu\uvapreku 1.100 организации-членки од 90 земји. Членките се главно туроператори, одбори за туризам, специјалализирани патни агенти и сместувачки капацитети со интерес во активен туризам. ATTA обезбедува решенија и врски кои им помагаат на членките да ги исполнат нивните бизнис цели и ја движат индустријата кон одговорна и профитабилна иднина.

Преку регионалните АдвенчрКонект (AdventureConnect) настани и годишните Светски самити за активен туризам, АТТА е лидер во професионални обуки, вмрежување и партнерски услуги. Со експертиза во истражување, обучување, вести од активниот туризам и промоција, членките на ATTA добиваат конкурентни можности кои им помагаат да се постават како лидери во активниот туризам.