Промовиран проектот „Детски бонтон“

Во рамките на проектот „За сите деца“, што се реализира во општини во кои има група во предучилишните установи каде наставата се реализира на турски јазик, во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, денеска со пригодна приредба, беше промовиран проектот „ БОНТОН“- однесувај се убаво и пристојно.

Detski_bonton_0520164852

Носители на проектот се ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ , Секторот за образование при Локалната самоуправа и СВР Охрид, а дел од него е издавањето на прирачникот „Ѕвони ѕвон за бонтон“, преведен на турски јазик. Прирачникот го промовираа децата од турската група во детската градинка „Росица“ .

Заменик градоначалникот Ангел Јанев, во рамките на денешните активности, во Локалната самоуправа имаше средба со тимот од проектот „За сите деца“.

Detski_bonton_0520164853