Општина Охрид ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и други субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку веб страната www.ipult.info.
За таа цел потребно е да се испратат информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени на информативните “touch screen” уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите.
Воедно се повикуваат сите регистрирани станоиздавачи и хотели, своите понуди да ги објават и на веб страната www.ohrid-apartments.info со што ќе се овозможи брзо и лесно пребарување на сместувачките капацитети и услуги од страна на посетителите на страницата.
Субјектите кои веќе ги нудат своите услуги на www.ipult.info и www.ohrid-apartments.info треба да ги ажурираат (обноват) податоците.
Заинтересираните, за подетални информации можат да се обратат во Секторот за туризам и ЛЕР при општина Охрид или на тел: 046 230 175.