Проектот кој вчера го промовираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски предвидува субвенција за набавка на печки за греење на пелети за домаќинствата, ќе се покрива до 70 проценти од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки и котли на пелети, по принципот „старо за ново“, за најмногу до 30.000 денари по домаќинство.
Истовремено се предвидува и поддршка за набавката и потрошувачката на самите пелети кои претставуваат енергенс и условно кажано потрошен материјал. За да се поттике побарувачката и да се мотивира употребата, вредноста на ДДВ за крајните корисници и на печките и на пелетите ќе биде намалена од 18% на 5%.
Мошне значајно е што и Јавното Претпријатие „Македонски Шуми“ ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети. Под мошне поволни услови тие ќе бидат понудени на пазарот и ќе преставуваат конкурентна понуда, наспроти се поголемиот дефицит на дрвна огревна маса во регионот и пошироко.
Новите печки, шпоретите и камините на дрва имаат фактор на загадување 9 пати поголем или 45 mg/MJ. Старите печки на дрва имаат фактор на загадување 20 пати поголем или околу100mg/MJ (милиграми на мега џул).
Замената на стара печка на дрва со печка на пелети придонесува за годишно намалување на емисијата на PM честички од 1728 mg(милиграми), што покажува дека печките на пелети значително придонесуваат во намалување на емисиите на PM честичките.
Имајќи ги во предвид негативните последици врз животната средина кои доведуваат до значајни проблеми врз здравјето на населението ќе финансираме и финансиски ќе поддржуваме замена на старите печки на дрва со печки на пелети. Ќе се доделуваат субвенции до 70% од трошоците на домаќинствата за замена на печките на дрва со печки и котли на пелети по принципот старо за ново за најмногу до 30 илјади денари по домаќинство, рече Груевски.
Тој посочи пример дека за набавка на печка од 6 киловати која може да затопли површина до 60 метри квадратни се потребни околу 40 илјади денари, при што со оваа мерка ќе има субвенции од државата од 28.000 денари или пак 70% од вредноста.
Со цел да се намали цената за пелетите и да бидат поконкурентни во однос на другите средства за греење во следните 10 години ќе се намали вредноста на ДДВ за крајните корисници и на печките и на пелетите од 18% на 5 %.
Вредноста на ДДВ за крајните корисници на пелетите и печките кои работат на пелети ќе биде намалена од 18 на 5 проценти. Македонски шуми ќе се специјализира и ќе започне со производство на пелети. Тие ќе бидат понудени по мошне поволни услови на пазарот, ја дообјасни Груевски мерката.
Третиот сегмент се однесува на субвенционирање на инсталирање на системи за греење со радијатори на пелети во големи станбени објекти и други поголеми потрошувачи при што овде особено спаѓаат градинки, училишта, здравствени домови, јавни претпријатија кои се лоцираат во објекти и во населени места што не се приклучени кон централното градско греење и кои моментално во најголем дел се затоплуваат со дрвна маса или со фосилни горива. За оваа мерка за субвенционирање ќе бидат наменети најмалку еден милион евра годишно., во период од четири години, со што се очекува да бидат оспособени за загревање со систем на пелети околу 40 илјади метри квадратни простор на овие објекти, рече Груевски.
Пелетите се тврдо гориво кое се произведува од пресувани остатоци од дрво. Загревањето со печки на пелети создава до 20 пати помалку загадување на воздухот со ПМ честички во односот на загревање со стари печки на дрва. Ефикасноста на старата печка на дрва е 55 % , додека на печките на пелети е над 90%.
Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност и во однос на јагленот, нафтата, и огревното дрво. Ако во една грејна сезона пелетите имаат фактор на загадување од 14.400 µg/Kwh/ (милиграм на киловат час), кај нафтата оваа вредност е 54 000 µg/Kwh/(милиграми на киловат час) или за три ипол пати повеќе, кај јагленот загадувањето е 1 454 400 µg/Kwh/(милиграми на киловат час) или сто пати повеќе споредено со пелетите, а кај дрвата е 2,502,000µg/Kwh/(милиграми на киловат час) односно 20 пати повеќе.
Статистиката покажува зголемена употреба на пелетите на европско ниво.
Според статстичкиот извештај за 2015 година на Европската Асоцијација за Биомаса, иако индустријата за производство на пелети е само „тинејџер“, сепак во глобални рамки производството на пелети од дрво бележи значителен успех. Производството во 2014 година надминало 27 милиони тони, со што секторот демонстрира седумкратен раст во последната деценија.
Производство на пелети во ЕУ
Производството на пелети во ЕУ се разликува од земја до земја. Германија е најголем производител со 2,1 милион тони годишно производство во 2014, по што следат Шведска со 1,6 милиони тони и Латвија, која покажува значтелен раст и достигнува производство над 1,3 милиони тони.