Денес во детската градинка „Росица“ се изврши презентација на политиката за запишување на децата од најголемата група (идните првооделенчиња) во градинките во ОУ „Св. Климент Охридски“. Презентацијата ја извршија директорот на училиштето, Јордан Пуроски и наставниците.
„Родителите се запознаа со единствените услови кои ги нуди училиштето и имаа можност да поставуваат прашања на кои им беше одговарано, со цел да добијат што подобра слика за установата. Секое дете си доби мал подарок од училиштето.“– велат од училиштето.