Се гради фудбалско игралиште во Лескоец

Во рамки на Годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности сообраќај и улици, а согласно залагањата на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески за изградба на спортски и детски игралишта, деновиве активно се работи на изградба на фудбалско игралиште во с. Лескоец.

Во моментов се работи на проширување на теренот кон источната страна и во насока на ОУ „Ванчо Николески“.

igralishte_leskoec_4002

Се очекува градежните активности да завршат до почетокот на летната туристичка сезона со што жителите на ова охридско село ќе добијат соодветен простор за спортување и рекреација.

igralishte_leskoec_400