На 10ти мај во 22:15 часот во ПС-Струга, Е.Д. (47) од Делчево, а со привремен престој во Струга, пријавил дека истиот ден околу 17:15 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга В.Д. (36) од с.Радолишта, струшко, при што со неа го зела и нивното седуммесечно бебе.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.