Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува низ целиот свет секој 12 мај, на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел. Меѓународниот совет на медицински сестри го одбележува овој значаен ден секоја година со производство и дистрибуција на (IND) комплети кои содржат образовни и јавни информативни материјали, за употреба од страна на медицинските сестри насекаде.
Темата на Меѓународниот ден на медицинските сестри за 2016 година е: „Медицински сестри: Сила за промени. Подобрување на еластичноста на здравствените системи“.
Иако генерално се планираат околу 12 мај, активностите од овој ден продолжуваат и преку целата година. Затоа, се охрабруваат сите медицинските сестри насекаде, да бидат дел од оваа Кампања и да земат учество преку индивидуални и групни активности.
WebOhrid