Средба на заменик министерот Максути со амбасадорот на Република Албанија, Фатос Река

Денес, во Министерството за одбрана на Република Македонија, заменик министерот д-р Беким Максути го пречека амбасадорот на Република Албанија акредитиран во земјата, Н.Е. Фатос Река.

Во текот на состанокот двајцата соговорници ја нагласија блиската соработка меѓу двете земји, односно двете министерства на одбрана, како и продлабочувањето на истата. Изразувајќи голема благодарност, заменик министерот Максути ја истакна поддршката која Република Албанија и ја дава на нашата земја во нејзиниот пат кон зачленувањето во НАТО.

Во оваа пригода, амбасадорот Река рече дека Република Албанија како членка на НАТО ја подржува политиката на “Отворени Врати” на НАТО и посака Македонија што поскоро да стане полноправна членка на Алијансата, имајќи во предвид дека таа веќе ги има исполнето најголемиот дел на стандардите и веќе подолго време e партнер на Алијансата во повеќе меѓународни мировни мисии. Амбасадорот Река исто така го извести заменик министерот Максути дека Албанија има назначено еден офицер кој се очекува набрзо да пристигне во Канцеларијата за врски на НАТО во Скопје. Тој ја искористи оваа можност и да му ја честита новата должност на новоименуваниот заменик министер и му посака успeх во неговата работа.

Во текот на средбата соговорниците се обврзаа дека во иднина максимално ќе се залагаат да има повеќе иницијативи за заеднички вежби меѓу двете армии кои ќе ја одразуваат уште повеќе блиската соработка меќу двете земји.

DSC_9957_resize_cr