Заменик министерот Нухиу на состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на земјите на Југоисточна Европа

Заменик министерот за внатрешни работи д-р Агим Нухиу ја предводеше делегацијата на МВР на 15. Состанок на Комитетот на министри на Конвенцијата за полициска соработка на земјите на Југоисточна Европа одржан на 11 мај во Виена, Австрија. На состанокот г. Нухиу дискутираше за процесот на имплементација на Виенската Конвенција, оценувајќи го нејзиниот придонес во унапредување на регионалната прекуграничната соработка на органите за спроведување на законот, меѓу другото, потенцирајќи ја примената на посебни истражни мерки во Македонија, формирање на заеднички истражни тимови за конкретни случаи реализирани во периодoт од 2010 до 2011 година помеѓу Македонија, Австрија, Германија, Холандија и Бугарија.

На состанокот, Нухиу ја истакна целосната поддршка за Проектот кој се однесува на размена на ДНК, кој предвидува вклучување на автоматизирана размена на дактилоскопски и регистерски податоци за возила. На овој начин ќе биде зајакната прекуграничната соработка помеѓу државите потписнички на Конвецијата во борбата против тероризмот, прекуграничниот организиран криминал и илегалната миграција, истакна заменик министерот Нухиу на состанокот во Виена.

Заклучокот кој произлезе од состанокот на Комитетот на министрите на државите потписнички на Виенската Конвенција е нивната подготвеност за понатамошно продлабочување на соработката и проширување на нацрт документот на мултилатералниот договор за автоматска рамена на ДНК, за негово целосно услогласување со EU Prum, автоматска размена на дактилоскопски податоци и регистерски податоци за возила. Имено, од страна на Комитетот на министрите едногласно се поддржа предлогот на КПС ЈИЕ.