Поради постоење на основи на сомнение за сторено казнено дело „Оштетување туѓи предмети“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.М. (24) од Струга.
Пријавената, на 30-ти минатиот месец, извршила оштетување на спомен куќата на македонскиот револуционер Христо Узунов лоцирана на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. што претставува македонско културно наследство и културно-историски споменик заштитен со закон од 1950 година.
Настанот се случил околу 01 часот, кога пријавената без повод и причина, со спреј испишала недоличен и навредлив графит, по што се обидела да избега од местото. Испишувањето го забележал овластен работник за обезбедување кој ја повикал пријавената во службените простории.
СВР Охрид, во консултација и насоки од Јавниот обвинител, ги презеде сите мерки за целосно документирање и расветлување на казнено правниот настан. Извршен е разговор со пријавената а на лице место, спроведен е криминалистичко-технички увид, одземање на спрејот со кој е извршено оштетувањето на спомен куќата а потоа и вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.