Министерот за образование и наука м-р Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на Меѓународната Конференција за општествени и хуманистички науки „Предизвици: од диверзитет до синергија”, организирана од Меѓународниот Балкански Универзитет.
„Оваа конференција е добар пример за тоа колку е важно научното истражување, која е тесно поврзано со академскиот живот и со квалитетот во високото образование. Благодарение на Вашата работа и на се она што сакате да го понудите во врска со општествените и хуманистичките науки, на оваа меѓународна конференција, фокусирајќи се на теми на политички науки, меѓународна соработка, економија, бизнис, психологија, историја, уметност итн. Науката и универзитетите – партнери на оваа конференција денеска наоѓаат причина за да бидат горди“, истакна во своето обраќање министерот Лутфиу.
Министерот Лутфиу изрази благодарност и подготвеност да овозможи соодветна поддршка, за да ваквите теми и ваквите апликации да не се само дел од некои документи, туку реално да најдат спроведување во пракса на важни области на животот.
„Да бидеш во ваква средина, осебено за мене е посебно чувство, бидејќи тоа е средина каде реално се мотивираш за да научиш и да бидеш заедно со сите Вас, на начин каде што високото образование во Македонија, да биде и важна средина каде се развиваат значајни политики за развој на земјата, посебно тие за развојот на високото образование и научното истражување во земјата и во регионот“, додаде Лутфиу.
Министерот ја потенцираше одлучноста на институцијата која тој ја претставува, Министерството за образование и наука, да изгради и да поддржи создавање на европски дух во високото образование, создавање на меѓусебна размена, на нашите универзитети како главна цел да е квалитетот, да им се овозможи на студентите и професорите објекти кои се неопходни за нивната работа, а нивните истражувања да се споредливи со параметрите на европската заедница, каде што Македонија сака да се интегрира.
„Сигурно дека и оваа денешна конференција, покажува за големите можности за кои ние треба да одиме напред во областа на соработката, во областа на заедничките интеграциски регионални проекти. Во мое име, Ви честитам за сето тоа што сте го постигнале до сега, но истовремено Ве уверувам за оптималната поддршка на Министерството за образование и наука, за да го проодиме овој пат на меѓусебна регионална и поширока соработка, каде што високото образование има огромно значење. Европа и нејзините соседи се со разновидни култури. Нам ни треба овој диверзитет да ги надмине предизвиците и да се најдат решенија за заедничка иднина“ – истакна министерот Лутфиу.