Верниците го одбележаа Танасовден (летен) во Рамне

Денес се слави празникот посветен на Св. Атанасиј Велики или Танасовден (летен). По тој повод во селото Рамне, во манастирот на Св. Атанасиј Велики многу верници од Охрид и пошироко присуствуваа на светата литургија, како и палеа свеќи, со желба за подобро здравје и среќа.

Како секоја година, така и оваа стариот кум, Илија Лекоски  даде ручек на присутните верници.

За многу години!

А.Андриоски