Отслужена литургија во Љубаништа за празникот Св.Атанасиј Велики – летен

Денес, во Неделата на мироносиците и на празникот на свети Атанасиј Велики во метохот на манастирот Св.Наум – „Св.Атанасиј Велики“ – Љубаништа беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа.