Денеска во просториите на АМС беа дел од параолимпискиот тим на Македонија, кој ќе ја претставува нашата земја во РИО, но и тим кој од Светскиот куп во Хановер се врати со одлични резултати. Имено, златната олимпијка од Лондон 2012, Оливера Наковска Бикова се закити со средбрениот медал, додека пак бронзата беше највисокото одличје во екипна конкуренција на нашиот тим.
Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидизирани лица, а нашите спортисти ни возвраќаат со одлични настапи и медали од големите натпреварувања.
„Во изминатите две децении, нашето спортско стрелаштво е дефинитивно најтрофејниот спорт, особено во делот на Параолимписките игри, почнувајќи од златото Бранимир Јовановски на ПОИ во Барселона 1992, среброто на Ванчо Каранфилов во Атина 2004 и златниот медал на Оливера во Лондон 2012. Овие тројца наши спортски великани се и носители на највисокото Национално спортско признание, популарната „спортска пензија“, но јас верувам дека сеуште е рано да се пензионираат и повторно ќе не израдуваат со нови олимписки медали“, – истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Инаку годинава, од буџетот на АМС, само по првиот оглас се издвоени вкупно 950.000 денари за настапите на нашите стрелачи на Светскиот куп во Хановер (200.000 ден., на Светскиот куп во Полска (350.000 ден.), а обезбени се и 150.000 денари за подготовките за РИО, за набавка на нова опрема и реквизити и дополнителни 100.000 денари за стручната работа на тренерот и селекторот Бранимир Јовановски.
Параолимпијцијте ја искажаа својата благодарност кон Агенцијата за млади и спорт која секогаш излегува во пресрет особено кога станува збор за патувања од типот на последниве два светски купа, бидејќи тие се вистински показател за нивото на форма во која се спортистите особено во подготвителниот период пред настап на Параолимписките игри.