Мисија на Министерството останува унапредување на полициската служба која ја ужива довербата на сите граѓани во земјата и која ги гарантира, штити и ги почитува основните права и слободи, без дискриминација по било која основа. Дел од мисијата е развој и зајакнување на проактивен модел на полициско работење кој ќе обезбеди повисоко ниво на заштита на животот, имотот и личната безбедност на граѓаните, како и брз и ефикасен одговор на полицијата на сите можни предизвици“ ова го истакна министерот Чавков во Центарот за обука во Идризово, каде денес се одржа свеченото потпишување на договори за вработување на 400 полициски службеници.
Министерот Чавков честитајќи им на новите колеги им порача дека полициската професија, носи ризик, но и е професија која се одликува со врвна професионалност, непоколебливост и храброст.
„Вие ќе бидете една од најважните алки во борбата против криминалот и корупцијата, но и во почитувањето и заштитата на човековите права и слободи и законитото постапување. Очекувам во вашата работа да направите се граѓаните да се чувствуваат безбедно, секојдневните задачи да ги извршувате чесно, пожртвувано и професионално“- истакна Чавков во своето обраќање пред присутните гости и раководното ниво на Министерството за внатрешни работи.
Инаку 400-те полициски службеници кои денеска потпишаа договори, успешно ја завршија 12-месечната обука од класата 2015/2016.