Германското министерство за надворешни работи денеска ја подзрави одлуката на Собранието за „повторно одложување“ на изборите и повика на спроведување на кредибилни реформи, како и итно повлекување на одлуката за аболиција на политичари што претседателот Ѓорге Иванов ја донесе минатиот месец.
„Ја поздравуваме одлуката на македонскиот парламент за повторно одложување на парламентарните избори кои беа закажани за 5 јуни. Ова ќе им овозможи на партиите да го поправат загрижувачкиот развој на настаните од изминатите неколку месеци и да ја вратата државата на европскиот пат. Сепак, одложувањето на изборите мора да биде придружено со кредибилен реформски процес. Партиите имаат одговорност да ги исполнат неопходните услови и да осигураат дека изборите ќе бидат според меѓународните стандарди. Исто така е важно итно да се повлече одлуката за амнестија на голем број политичари донесена во април. Обвинувањата за злоупотреба на моќта мора да бидат истражени со цел да се врати довербата на граѓаните на Македонија во институциите. Специјалната обвинителка мора да ја продолжи својата работа без никакви пречки“, стои во соопштението објавено на официјалниот твитер-профил на германското МНР.
http://twitter.com/GermanyDiplo/status/733334511270891520/photo/1
Во него се додава дека „специјалниот германски пратеник, амбасадорот Јоханес Хајндл од денеска е на разговори со партиите во Скопје со цел да им даде поддршка кон трасирањето на овој пат, во блиска соработка со Европската комисија и САД“.
Извор: meta.mk