Се известуваат кандидатите кои го имаат положено теоретскиот дел од испитот за добивање уверение за рибочувар (одржан на 07.04.2016 година) дека на 1 Јули 2016 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Испитниот Центар на ул.Христо Смирненски бр.30 ламела 1, Скопје ќе се одржи полагање на практичниот дел од испитот.
На денот на полагање кандидатите задолжително да поседуваат документ за идентификација (лична карта).
Воедно се известуваат сите заинтересирани кандидати дека во истиот термин ќе се одржи и полагање на теоретскиот дел од третиот испит за добивање уверение за рибочувар. Барањата за полагање со потребните докази може да се поднесат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна до петок 10.06.2016 година.