Првачињата од „Св.Климент Охридски“ во посета на печатница Летра Дизајн

Првачињата од „Св.Климент Охридски“ денес беа во посета на печатницата Летра Дизајн.

Согласно наставната програма за I одделение, првачињата се запознаа со компјутерската обработка на дизајнот на сите производи кои ги нуди печатницата, како што се најразлични покани, флаери, весници и сл.

„Во понатамошната посета учениците беа вклучени и во производството, со што се запознаа со практичната работа на вработените и беа сведоци на преубавите изработки. На крајот од посетата бевме испратени со подароци од нивно производство. Благодариме на Печатницата и вработените за гостољубивоста.“– велат од училиштето.