Охриѓанец загина во сообраќајка на патот Охрид – Ресен

Утрово околу 05:30 часот на магистралниот пат Охрид-Ресен помеѓу селата Крушје и Лева Река случена е сообраќајна незгода во која ПМВ„Ауди А3“ со охридски регистерски ознаки управувано од Наум С.(46) од Охрид удрило во карпа покрај патот, при што возачот починал на самото место.

Извршен е увид од страна на ПС Ресен и се работи на целосно расчистување на случајот.