Денес, како и изминатите денови екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” продолжија со извршување на редовните работни задачи како косење, плевење и садење, информираат од претпријатието.
„Беше уреден главниот плоштад со косење и плевење, а кај малиот плоштад беа извадени старите садници каде што ке бидат посадени нови во изминативе денови. И кружниот тек кај охридската гимнзија беше посаден со нови садници од сортите „џунџуле” и „салвија”– додаваат од претпријатието.