Во текот минатиот месец во рамки на ОА Гора поднесени се 14 кривични пријави против 17 лица за сторени 14 кривични дела од кои 10 кривични дела – “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“ (чл. 284-а) и по едно дело – “злоупотреба на службена положба и овластување“ (чл.353 в.в.чл.45), “пустошење на шума“ (чл.226 в.в чл.22), “кражба во обид“ (чл.235 в.в чл.19) и “кражба“ (235 ст.3).
Притоа против лицата И.С. (35), М.Л. (53) Б.Р. (70), Д.Х. (33), Н.М. (29), Н.Л. (27), А.С. (62) Б.И. (30), З.А. (33) и М.И. (47) поднесени се кривични пријави за сторено кривично дело – “вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Пријавените во повеќе наврати со ТМВ вршеле транспорт на огревно дрво без да поседуваат лиценца за вршење на јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерството за транспорт и врски.
Против лицето Н.М. (26) поднесена е кривична пријава за “злоупотреба на службената положба и овластување“ заради тоа што пријавениот во својство на службено лице-шумски полицаец во ШПС- Скопје, и покрај тоа што бил дел од патрола на Шумска полиција која извршила контрола во четири наврати во 2012 г. и 2014 г. на четири лица сторители на прекршок им вратил дел од одземено огревно дрво и четири ТМВ кои предходно поради сторен прекршок казнив од Законот за шумите биле одземени од сторителите од страна на полициските службеници.
За кривично дело – “кражба“ пријавено е лицето Е.А. (27) којшто со намера за противправно присвојување дрва од туѓа шума исекол повеќе стебла огревно буково дрво во количина 1.40 метри кубни.
Исто така за кривично дело – кражба во обид“ пријавени се лицата Б.М. (43) и М.С. (46) кои во атарот на с. Горно Смиљковци на м.в. Ѓорѓинчево од парцела сопственост на друго лице извршиле кражба во обид на околу еден метар кубен дабово дрво со намера да ги натоварат дрвата на нивните коњи.
И за кривичното дело – “пустошење на шуми“ пријавени се лицата М.С. (37), С.К. (21) и Е.А. Тие со намера противправно да присвојат огревно дрво во м.в. Орманче во с. Бардовци со рачни пили извршиле бесправна сеча и пустошење на шума соборувајќи повеќе стебла на дрва од вид јасика во маса од два кубни метра.