На 2ри јуни „Парламентарки“ повторно пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид, Охридскиот народен театар во четврток (2ри јуни) со почеток во 20:00 часот ќе ја изведе театарската претстава „Парламентарки“, во режија на Ненад Витанов.

Почетокот на претставата е со почеток во 20.00 часот, а влезот чини 150 денари. Препорачана возраст: +15.

Во претставата играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Сашо Ристовски, Биљана Билаловиќ Вељановска, Филип Кипровски, Павел Маслов, Елизабета Стефановска, Ивица Цонев.