Дваесет и пет најдобри студенти од трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија – Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип и Универзитетот на Југоисточна Европа кои што добија наградно патување од Министерството за образование и наука пристигнаа во Барселона.
Оваа стимулативно – наградна мерка за студентите кои имаат просек над 9,5 предвидува бесплатен авионски превоз, тридневен хотелски престој и исхрана.
На јавниот повик вкупно аплицираа 132 студента, од кои 25 ги исполнуваа условите наведени во конкурсот.
Како дестинација за патувањето покрај Барселона беа понудени и Париз и Венеција.
Мерката се спроведува прв пат и истата ќе продолжи во наредната година.