На 45тиот по ред општински натпревар по прва помош, кој се одржа денеска, учениците од ОУ „Живко Чинг0“ од Велгошти, под менторство на наставничката Ивана Илиевска го освоија третото место во категоријата подмладок.
Мотото на натпреварот беше „Знам да спасам живот“, а стекнатите знаења за укажување прва помош ги покажаа повеќе од 300 ученици-натпреварувачи од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебрца.