„Ревија на светските кинематографии – Кина“ во Охрид

НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во соработка со продукциската и дистрибутерска куќа „КТ Филм и Медиа“ преку проектот „Ревија на светските кинематографии – Кина“ го подотвора прозорецот за кинеските културни вредности со цел да изгради културен мост меѓу Македонија и Кина и да го доближи кинескиот филм до македонската публика. Со таа цел, во среда и четрток на репертоарот во Центарот за култура ќе се прикаже „Ревија на кинески филмови“. Во рамки на ревијата ќе бидат прикажани пет филмови од кинеската кинематографија.

*НАРУШУВАЈЌИ ЈА ТИШИНАТА

СРЕДА 25.05.2016 година / почеток 19.00 ч влез 50 ден.

*МОЈ ЛИЧЕН МЕЧУВАЛЕЦ

СРЕДА 25.05.2016 година / почеток 20.45 ч влез 50 ден.

*ЛОТОСОВ ФЕНЕР

ЧЕТВРТОК 26.05.2016 година / почеток 17.30 ч влез 50 ден.

*МАЛ ГОЛЕМ ВОЈНИК

ЧЕТВРТОК 26.05.2016 година / почеток 19.00 ч влез 50 ден.

*ДВАЈЦА СТАНУВААТ ЕДЕН

ЧЕТВРТОК 26.05.2016 година / почеток 20.45 ч влез 50 ден.