СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека умее само да ги задолжува следните генерации и ништо друго

ОО на СДСМ Охрид, денес испрати соопштение до медиумите, во кое стои:

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески признаваат дека немаат исполнето ниту едно ветување иако помина година и половина од нивниот мандат.

Фаза на голем интерес, фаза на добивање на договори, фаза на изготвување на урбанистички план, припремни активности, се очекува одобрение, тоа се оправдувањата на ВМРО-ДПМНЕ зошто досега ништо не реализираа, ништо не изградија.

Недостасуваше уште наводното пристигнување на вонземјани во Охрид, соопштено само од провладините медиуми, да се спомене како оправдување за неработата на ВМРО-ДПМНЕ.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, не кажа ниту збор за иселувањето на 776 млади од Охрид и економската стагнација на градот. Но, затоа соопшти дека се гордее со тоа што ги задолжи граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш потврди дека умее само да ги задолжува следните генерации и ништо друго.“- се вели во соопштението.