Под мотото „Од децата за децата“ во ПЕТОК 27.05.2015 година во Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид, со почеток од 13.30 часот, ќе гостува хорот „Златно славејче“.
Најмалите охриѓанчиња ќе имаат ретка прилика да се забавуваат со најновите детски хитчиња. Со секој купен билет од 100 денари ќе добијат и ЦД со најдобрата детска музика и сокче. Картите може да се набават на билетарата на Центарот за култура.
Караванот концерти на реномираниот фестивал „Златно славејче“ се одржува низ повеќе општини во државава а организатор е СТ- продукцијата од Скопје. Оттаму додаваат дека „Златно славејче“, како најреномираниот фестивал со традиција долга 45 години, со ваквиот начин, кој за прв пат се организира, ќе стане поблизок и за децата кои се од другите градови.