Лидерот на ДУИ, Али Ахмети денеска во седиштето на Европската Унија во Скопје се сретна со Кристијан Даниелсон, директорот на директоратот за проширување на ЕУ и со евроамбасадорот Аиво Орав.
Како што соопштија од ДУИ на средбата се разговарало за последните случувања во државата, за спроведување на реформите и на Договорот од Пржино.
„ДУИ се ангажира со потполно уверување за реформската агенда во согласност со евроатлантските аспирации и очекувањата на нашите пријатели во Брисел и Вашингтон. Оваа агенда треба да биде сеопфатна и да ја добие поддршката од целото општество со цел земјата да се подготви за веродостојни избори“, пишува во соопштението на ДУИ.
Извор: meta.mk