Градоначалникот нa Охрид, Никола Бакрачески ќе учествува на Третиот глобален состанок на официјалните делегации на членките на Европската мрежа на езера што утре (28 мај) се одржува во Исео – Италија како дел од фестивалот на европски езера.
Во текот на утрешниот ден градоначалникот Бакрачески ќе има работна средба и со партнерите од Проектот LAKTIVE TOURISM, во кој Општина Охрид е значаен партнер.
Овој европскиот партнерски проект на 5 европски држави, членки на Европската мрежа на езера (Италија, Словенија, Шпанија, Ирска и Македонија- Општина Охрид), како и два туроператори и една асоцијација на сениори е финансиран од COSME Програмата на Европската Комисија и започна со имплементација во Април 2016 година. Проектот ќе трае 15 месеци. Главната цел е продолжување на туристичката сезона со целна група на туристи – сениори (над 55 години), креирање на специфични туристички производи и туристички пакети, кои ќе бидат наменски развиени за секоја дестинација.
Општина Охрид е редовна членка на Европската мрежа на езера од 2014 година.