Јужнокорејски авион се запали на аеродромот во Токио

Повеќе од 300 патници и членови на посадата се евакуирани од авион на јужнокорејска компанија, откако при полетување од токискиот аеродром Хенада му се запалил левиот мотор.

Поради инцидентот, властите одлучиле привремено да го затворат за сообраќај аеродромот.

Никој не е повреден, иако околу 30 патици се пожалеле дека не се чувствуваат добро.

Од авионот се евакуирани 302 патника и 17 припадници на посадата.

Авионот требал да лета кон Сеул, главниот град на Јужна Кореја.

https://www.youtube.com/watch?v=x-xhO_N8WkI

Извор: meta.mk