МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува својата доминација во мак баскетот и вечерва со третата победа во финалната серија над Куманово од 90-88 (26-22, 16-19, 27-24, 19-24). ја освоија петтата последователна титула во Првата лига.
Наместо како празник на кошарката четвртиот натпревар од финалето на Плеј офот меѓу Куманово и МЗТ Скопје ќе се памети по тешкиот инцидент на навивачите на домашниот тим на 4 минути и 27 секунди пред крајот на третата четвртина при водство на Куманово од 54-50.
По приговорот на Бојан Трајковски кон судиите и досудената техничка грешка од нивна страна на центарот на Куманово на теренот полетаат тврди предмети кон судиите и кошаркарите на МЗТ Скопје, по што веднаш гостинските кошаркари и службените лица се повлекоа во соблекувалната.
Делегатот на финалето Владо Цветковски во консултација со судиите донесе одлука за празнење на преполната сала по што следуваше вистински хаос. Откако ангажираното обезбедување и редарската служба не успеаја да ги испразнат трибините, навивачката група „Кумани“ не сакаше да ја напушти салата по следуваше интервенција на „специјалците“.
По мачниот прекин кој траеше околу 40 минути четвртиот натпревар од финалето на Плеј офот продолжи пред празни трибини.
По принудниот одмор кошаркарите на двете екипи кои во првите 25 минути имаа слаба реализација на шутевите од поле, влегоа во посакуваниот ритам.
Куманово предводен од репрезенативното трио Костоски, Трајковски Симоновски ја одржуваше резултатската предност меѓу два и 8 поени, се до 37 минута кога гостите од Скопје со тројката на капитенот Дамјан Стојановски од аголот го презедоа водството (83-82).Но, набрзина Костоски погодува и го враќа Куманово во водство.
Избраниците на Србиноски ја имаа контролата на играта до 16 секунди пред крајот кога на сцена стапи плејот на МЗТ, Протиќ кој со тројка од 8 метри постигната од скоро безизлезна ситуација на истекот на нападот ги носи металците до минимална предност од 89-88.
По тајм аутот на Србиновски , вечерва одличниот Дреновац го блокира шутот на Костоски , Стојановски ја освојува топката , кошаркарите на Куманово прават брза лична грешка.
Капитенот на МЗТ Скопје на неполна една секунда пред крајот го погодува само првото слободно фрлање, по што започнува славјето на кошаркарите на МЗТ Скопје.
Вечерва најзаслужни за минималниот триумф на МЗТ Скопје во Куманово се Дреновац со 25, Дамјан Стојановски со 18 и секако Протиќ со тројката во финишот вредна петта титула во низа на сините од Аеродром во Македонската кошарка. МЗТ Скопје натпреварувачката сезона 2015/2016 повторно ја заокружува со двојна титула трофеите во Купот и Првенството, што е четврттата двојна круна за МЗТ Скопје во историјата.
Во редовите на Куманово вечерва Костоски и Трајковски постигнаа по 23 поени, а Симоновски реализираше 15 поени сите зад линијата за тројка.
Шампионскиот пехар на капитенот на МЗТ Скопје Аеродром , Дамјан Стојановски му го предаде потпреседателот на Македонската кошаркарска федерација Сашо Дракуловски.
Потпреседаателот на МКФ, Драголовски на старо новите шампиони им ги додели и златните медали.
Кошаркарите на вицешампионот Куманово сребрените медали ги примија од рацета на легендата на македонската кошарка Благоја Георгиевски – Буштур.
Признанието за најкорисен кошаркар на финалето на Плеј офот заслужено заврши во рацета на капитенот на металците репрезентативецот Дамјан Стојановски.