ВМРО-ДПМНЕ: Дали и со која цел пионите на СДСМ сами го оштетија сопствениот штаб?

По вандалскиот чин врз штабот на СДСМ Охрид, а во врска со соопштението од СДСМ, реакција испрати Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид во која стои:

„Искомплексираната клика на СДСМ Охрид се чини го загуби сопствениот здрав разум. Исфрустрирани од неуспехот на бламажите што тие ги нарекуваат протести, почнуваат да се служат со подметнувања и подмолни лаги. Ова е ново дно дури и за соросоидната толпа наречена СДСМ.

Целосно беспотребно го демолираа кошаркарското игралиште во СЦ Билјанини извори, го ишараа и без трошка срам дури и се потпишаа на теренот. Фалеше уште да се сликаат во уништувањето за лудоста да е комплетна.

Прашуваме дали и со која цел пионите на СДСМ сами го оштетија сопствениот штаб?

Членовите и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ се мирни, цивилизирани луѓе кои ги почитуваат Уставот и законите во Македонија. Ги отфрламе сите бесмислени обвинувања од страна на СДСМ и соросоидитеза организирано учество на членови на ВМРО – ДПМНЕ во оштетувањето на нивните простории и ги упатуваме виновникот за штетата врз просториите да го бараат во сопствените редови. Судејќи по штетата, сторителите се дефинитивно од нивна школа.

Време е да запре ова дивеење на соросоидните орди на СДСМ. Ги замолуваме граѓаните да не подлегнуваат на смислените провокации на СДСМ и соросоидите. Ги повикуваме надлежните органи да расчистат со ова вандалско здружување еднаш засекогаш и да создадат услови за мирен, нормален и безбеден живот за Охриѓани. Предлагаме органите за безбедност да земат пример од земјите во ЕУ како Белгија и да преземат „европски мерки“ за сузбивање на насилните протести.

И на крај, соросоидната толпатреба секој ден да се заблагодарува што ВМРО – ДПМНЕ го одбра мирниот пат за решавање на оваа наметната и вештачка криза…

Народот е со ВМРО – ДПМНЕ! Народната казна ќе биде сурова! Народот ќе победи! Македонија ќе победи!“ – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.